Ги испорачуваме вашите нарачани производи во најкраток временски период
Бесплатна достава и монтажа
Располагаме со квалитетен тим кој врши достава и монтажа на нашите производи
Достапни за секого
Посетете нè во некој од нашите салони, контактирајте нè online или преку телефон.
Повеќе од 35 години продажба на мебел
Стручни, посветени, препознатливи по оргинален асортиман, квалитет и одлична услуга
0
ПРОДАЖНИ САЛОНИ
0 m2
ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР
0 m2
Магацински простор
0+
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
0+
ИЗЛОЖЕНИ ПРОЗИВОДИ
Од 1987
Мебел Венеција
Почетоците на Мебел Венеција ги бележиме од далечната 1987г како фамилијарен бизнис фокусиран на продажба на мебел со висок квалитет и софистициран дизајн. На почетокот со мал продажен салон и голем ентузијазам, со мебел од италијански и словенските производители, со фокус на квалитет, практичност и дизајна стануваме препознатлив бренд во пелагонискиот регион.
2001 година го отвараме нашиот прв голем и модерен салон за мебел во Прилеп со површина од 2000 м2 каде што го прошируваме нашиот асортиман со кујни, спални соби, предсобја, ТВ комоди, гарнитури, лежаи при што секој заинтересиран клиент за мебел не нè одминува.
Во 2018 година го отвараме и нашиот втор салон со нови 2000 м2. Нескромно еден од најубавите салони со државата со огромна понуда на мебел. Денес сме лидери на пазарот која располага со голем асортиман на тапациран од брендовите Јела Јагодина, Матис, Додич, Тахирович, Чимо, Алмак, Махагони, Ведра Мебел, Интер Експорт се само дел од нашата понуда
Мисија
Нашето богато искуство во трговијата со мебел и љубовта со која работиме и ви ги доближуваме нанјовите производи од светот на мебелот нè инспирираат да си поставиме големи цели кои посакуваме да ги реализираме во блиска иднина. Затоа, нашата визија за иднината вклучува салони на Мебел Венеција во сите поголеми градови низ Македонија и регионот. Нашите секојдневни заложби да овозможиме квалитетна услуга и асортиман на мебел за сечиј вкус се нашата мисија. Работиме како тим, со голема љубов и почит кон нашите клиенти нудејќи достапност и транспарентност во секое време. Искрени, доверливи и ефикасни – тоа е мотото на нашиот тим. Нескромно, Мебел Венеција во иднина го гледаме како лидер во регионот, и со таа цел скојдневно и прогресивно додаваме нов асортиман во нашата понуда. Транспарентни сме во нашето работење, а нудиме исклучиво квалитетни производи со прифатливи цени.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.
Користиме колачиња за да се осигуриме дека ви го нудиме најдоброто искуство на нашиот веб сајт. Ако продолжите да го користите сајтот сметаме дека сте задоволни од истиот.Ги прифаќам сите колачиња