Март е еден од највозбудливите месеци во годината за мебел-индустријата! Така и кај нас, овој март го посветуваме на саемски попусти и промоции!
Од 20-24 март Мебел Венеција ќе го претстави својот асортиман на саемот за мебел во Скопје. На овој најголем саем од ваков тип во земјава учество ќе земат преку 85 брендови на мебел и преку 45 изложувачи и производители. Навистина е предизвик нашата страст за мебелот, за модерните и уникатни парчиња да го претставиме пред широка публика и да покажеме по што сме препознатливи и уникатни.
На штандот на Мебел Венеција ќе може да се погледнат изложените дневни престои, гарнитури за седење, трпезариски маси и столици, клуб масички, комоди и сл., а секој кој ќе го посети саемот добива ексклузивна можност да добие вреден подарок од активното дарување кое во моментов го имаме на социјалните мрежи: патување за двајца во Венеција! Подароци, саемски попусти и голем број изненадувања се само дел од „пакетот“ кој ве следува доколку решите да се прошетате низ саемските хали и да уживате во мебел избран со вкус и за сечиј џеб!
Истовремено со саемот за мебел во Скопје, во нашите салони во Прилеп ќе одржиме куќен саем во кој ќе биде вклучен целосниот мебел од нашиот асортиман! Изготвениот флаер со саемски попусти до 50% ќе ви биде омиленото четиво оваа недела! Од 20 па се до 27 март, во двата салони на Мебел Венеција ќе ве пресретнат ведрите лица на нашите вработени, ќе ви помогнат во изборот на боја и модели според вашите желби и просторот кој ви е на располагање. Располагаме со искусен тим професионалци кои ќе ви помогнат да ги искомбинирате елементите во секоја соба, а со секоја посета ќе бидете сè поблиску до главната награда од големиот GIVEAWAY: патување за двајца во романтичната Венеција!
Речиси 40 години искуство во продажбата на мебел значи професионализам, врвен квалитет и ненадминлива услуга! Доколку започнувате проект за реновирање на домот или деловниот простор – во Мебел Венеција ќе добиете консултација со архитект и 3D проектирање на вашиот простор – сосема БЕСПЛАТНО!
Затоа, отворете го својот календар и направете си термин за посета на некој од саемските изложби на Мебел Венеција, гарантираме незаборавно доживување во светот на мебелот!