Паметни (smart) душеци изработени од HR мемориска пена и материјал од вискоза обезбедуваат поддршка на секој дел од Вашето тело и создаваат идеални услови за квалитетен сон.
Visco материјалот првично бил развиен од NASA за потребите на астронаутите. Овој високо еластичен материјал е производ на примена на технологија со отворени клетки што му овозможува на душекот да дише. Ова го прави чувствителен на телесна топлина и притисок, па затоа е идеален за душеци и медицински производи. Visco душеци кои се прилагодуваат на контурите на човечкото тело, максимално го зголемуваат квалитетот на сонот. Благодарение на неговата структура на отворени ќелии и мемориската пена, душеците ViscoLine Ви гарантираат ново искуство со спиењето. Ќе се уверите дека душеците ViscoLine, кои комбинираат технологија и традиција, совршено Ви одговараат.
Комбинацијата на префинета елеганција и класичен луксуз го прави душекот ViscoLine идеално решение, кое може да ги задоволи и оние со најпрефинет вкус.
Системот на џебно јадро се состои од пружини кои се независни едни од други и се сместени во меѓусебно поврзани џебови. Конечно можете да спиете непрекинато цела ноќ, без да Ве разбуди движењето на Вашиот партнер за време на спиењето. Структурата која е е поделена на 7 анатомски зони, т.е. 7 различни нивоа на цврстина, придонесува душекот ViscoLine да се прилагодува на различни делови од телото и на тој начин помага во одржување на нормален крвен притисок и намален број на вртења за време на спиењето.