Ткаенината од маслиново масло нуди антибактериска заштита, како и сите останати придобивки што произлегуваат од маслиновото масло, кое уште од антиката е познато како благодет за кожата. Киселоста на маслиновото масло е компатибилна со киселоста на нашата кожа. Поради тоа ова античко откритие е идеално за нега на кожата, ја прави свиленкаста на допир и ја штити од слободните радикали, кои предизвикуваат стареење.
Visco материјалот првично бил развиен од NASA за потребите на астронаутите. Овој високо еластичен материјал е производ на примена на технологија со отворени клетки што му овозможува на душекот да дише. Ова го прави чувствителен на телесна топлина и притисок, па затоа е идеален за душеци и медицински производи.
Душеците Оlivio се обликуваат според контурите на човековото тело и максимално го зголемуваат квалитетот на спиењето. Благодарение на структурата на отворени ќелии и мемориската пена, душеците Olivio Ви гарантираат ново искуство при спиењето.
Материјалот од кој е направена HR мемориската пена обезбедува оптимални услови за спиење бидејќи овозможува циркулација на воздухот во 7 зони и со тоа спречува појава на топлина и влага.
Надворешната навлака е со патент, се вади и се пере.