Надворешна навлака содржи патент кој овозможува истата да може да се вади и пере.
Памучен подарок од природата само за Вас и за Вашата спална соба. Протокот на воздух е зголемен до максимум, сето тоа поради органскиот памук од кој е направена навлаката на душекот.
Овој душек е лесен за одржување, природен, мек и долготраен.
HR мемориска пена со 7 зони создава услови за оптимално спиење. Воздухот циркулира, температурата постојано се одржува и распоредува, а не се создава влага.
Материјалот од кој е направена HR мемориска пена обезбедува идеални услови за спиење, бидејќи овозможува циркулација на воздухот во 7 зони и на тој начин спречува појава на топлина и влага. Утврдено е дека човечкото тело има 7 различни зони преку кои се создава притисок во лежечка положба, а душеците со 7 анатомски зони, со нивната структура од 7 различни степени на цврстина, обезбедуваат најдобра можна поддршка со регулирање на протокот на крв и намалување на вртењето за време на спиењето на минимум.