FFУникатната мемориска пена што ја користи Almero во производството на душеци е хипоалергена и отпорна на создавање на разни микроорганизми. Системот со отворени ќелии ја прави оваа мемориска пена да овозможува проток на воздух, со што се постигнува оптимална температура за време на спиењето и се создаваат идеални услови за квалитетен сон. GoldenEye ја следи анатомската структура на телото и не врши притисок врз критичните точки каде што најчесто се создаваат деформитети, туку притисокот е правилно распореден по целата должина на телото.
Може да се користат и двете страни.
Системот за џебно и жичено јадро се состои од пружини кои се независни едни од други и се сместени во меѓусебно поврзани џебови. Благодарение на структурата која е поделена на 7 анатомски зони, т.е. на 7 различни нивоа на цврстина, душекот GoldenEye се прилагодува на различни делови од телото и на тој начин помага во одржување на нормалниот крвен притисок и придонесува во намалување на вртењето за време на спиењето.