HR мемориска пена со 7 зони, обезбедува оптимални услови за спиење дозволувајќи циркулација на воздухот во 7 зони и со тоа спречува појава на влага и прекумерна топлина.
Истражувањата откриваат дека човековото тело има 7 критични зони на притисок за време на спиењето. Обрнувајќи внимание на овие зони при изработката на душеците, целосно се намалува притисокот врз телото, што придонесува за намалување на појавата на болки во грбот и колковите.
Анатомската структура на душекот Exclusive го намалува бројот на непотребни движења за време на спиењето, што резултира со побрзо настапување на сонот.
Џебното јадро високо дури 16 cm нуди услови за поголема удобност и дополнително неутрализирање на движењата за време на спиењето.
Влакното од камила претставува материјал кој е еден од најквалитетните кога се користи во производство на душеци. Познато е дека камилите потекнуваат од предели каде температурите се екстремно високи преку ден и ниски во текот на ноќта. Затоа влакната од камила се посебни и се издвојуваат од останатите. Дисбалансот на температурата е најчесто главната причина за нарушувања на спиењето, што ги прави влакната од камила да бидат важен составен дел при изработката на душеците, бидејќи ја регулираат температурата на душекот и спречуваат непотребно загревање или ладење на телото.