Душеците изработени од волна и памучно полнење обезбедуваат поддршка на секој дел од Вашето тело, додека воздушните вентили прават душекот да дише и овозможуваат зголемен проток на воздух што обезбедува помирен сон.
Системот на жичано јадро Херкул нуди двојно повеќе пружини отколку повеќето душеци. Тежината на телото е рамномерно распоредена по душекот, со што се намалува притисокот што го создава душекот врз телото. Delux душекот обезбедува соодветна поддршка на ‘рбетниот столб и му овозможува на телото да остане во својата природна положба за време на спиењето. Delux душекoт има подолг век на траење од повеќето душеци, поради големиот број пружини кои можат да издржат секаков вид на притисокот од телото.