Granola е аголна гарнитура која се издвојува по својот необичен и модерен изглед. Оваа гарнитура е изработена од висококвалитетни материјали, a нејзината современа естетика совршено ќе се вклопи во секој модерен ентериер. Седечкиот дел е изработен од еластични траки, со HR пена и силиконска завршница. Има можност за голем избор на штофови и бои. Раконаслонот има механизам за извлекување, а од другата страна на гарнитурата има додаток дрвена масичка. Бојата на дрвото и бојата на металот се променливи.