На нашиот веб сајт може да се купува од било која држава во светот, но испораката ја вршиме само на територијата на Република Македонија.
За сите производи кои се купени на нашиот веб сајт, добивате потврда на вашиот e-mail кој го оставате при самата нарачка. Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Нарачаните производи може да бидат доставени и на друга адреса различна од вашата лична адреса преку оставање на белешка при нарачката или штиклирање на „Достава на друга адреса“.
Цената на испораката на територијата на Р. Македонија за одредени производи е вклучена во цената и истото е назначено при купувањето на производите, односно најчесто се реализира преку сопствена достава.
По нарачката на производите ќе бидете контактирани од нашиот тим за достава за дефинирање на термин за испорака. Купените производи ќе бидат испорачани во најкраток можен рок. Мебел Венеција го задржува правото да го продолжи рокот на испорака. Испораката се врши преку нашиот тим за достава или преку надворешни соработници.
Испорака вршиме во било кој ден од неделата освен на државни празници и неработни денови.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Мебел Венеција доо Прилеп не може да превземе никаква одговорност.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.
Користиме колачиња за да се осигуриме дека ви го нудиме најдоброто искуство на нашиот веб сајт. Ако продолжите да го користите сајтот сметаме дека сте задоволни од истиот.Ги прифаќам сите колачиња