Неодамна имавме прилика да бидеме домаќини на едно интересно доживување во нашите продажни салони. Имено, целата седмица од 20-25 ноември во продажните салони на Венеција го одбележавме популарниот „Црн петок“.
Радосни сме што нашата Black Friday понуда наиде на голема заинтересираност. Во нашите салони за мебел помина река луѓе кои среќмни и задоволни си избраа мебел за своите домови. Венеција мебел спремни го дочекаа своите купувачи со неверојатни попусти и специјални понуди кои ги претворија желбите на клиентите во реалност. Овој Black Friday помина во знакот на уникатни понуди и неверојатни цени на нашите најпопуларни производи.
Најголемо внимание кај купувачите задржаа стилските и функционалните парчиња мебел. Од современ дизајн до класична елеганција, нашиот салон за мебел секогаш има да понуди разновидни опции за својот простор за живеење да го искористите на најдобар начин.
Доколку чувствувате потреба да го освежите вашиот дом и да создадете удобна и убава атмосфера за вас и вашиот семеен живот, мебел Венеција секогаш ќе ви понуди интересни опции со прифатливи цени. Во нашите салони во Прилеп имате идеална прилика да остварите одлични попусти кои ќе ви овозможат да купите квалитетен мебел по поволни цени.
Без двоумење, придружете се и вие на големото семејство на Венеција и следете ги нашите социјални мрежи за дополнителни изненадувања и специјални понуди. Нашите вработени ќе ве пречекаат со елан и желба да ви помогнат да го опремите својот дом со мебел по свој вкус, а ние ви гарантираме задоволство при купувањето и квалитет на високо ниво.